Тим

Драган Лазаров

Управувачки Партнер

Биографија

М-р Драган Лазаров е управувачки партнер и адвокат во Адвокатска канцеларија Лазаров. Г-дин Лазаров има воспоставено професионална репутација за темелност, стратешко размислување, големо внимание на деталите, лојалност и посветеност на услугите на клиентите. Неговото долгогодишно искуство вклучува успешно завршени проекти од областа на корпоративно право, странски инвестиции и трансакции, спојување и преземање, трговско право, финансово право и финансии, трудово право, заштита на лични податоци, како и професионален ангажман при застапување во кривични и граѓански предмети. Драган Лазаров течно зборува македонски јазик, англиски јазик и бугарски јазик, а има познавање и на италијански јазик.

Образование:
• 2009 година  Дипломиран правник - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Правен факултет “Јустинијан Први“ Скопје
• 2012 година Мастер на Деловно право - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Правен факултет “Јустинијан Први“ Скопје
• 2024 година Докторски студии по Меѓународно бизнис право на Универзитетот на Обединети Нации – Европски Центар за мир и развој

Претходно искуство:
• Раководител на Сектор за правни работи – Влада на Република Македонија – Генерален секретаријат
• Шеф на Кабинет на Вицепремиерот задолжен за Европски прашања

Клучни области:
• Решавање спорови – граѓанска постапка, арбитража и меѓународна арбитража
• Пазари на капитал, банки и финансии
• Спојувања и преземања
• Стечајни постапки