Тим

Кристина Томашевска Блажевска

Адвокат

Биографија

М-р Кристина Томашевска-Блажевска е aдвокат со повеќегодишно искуство во правниот сектор во Република Северна Македонија. Нејзиното искуство вклучува ангажмани на проекти од областа на трудовото право и социјалната политика, застапување во трговски и граѓански спорови, советувања за превземања и аквизиции, заштита на лични податоци, енергетика, фармација, образование, телекомуникации.

Кристина е коавтор на статии во меѓународни изданија од областа на конкуренција и заштита на личните податоци. Има завршено магистерски студии од областа на Граѓанско – процесно право на Правниот факултет “Јустинијан Први“ – Скопје, Универзитет св.“Кирил и Методиј” – Скопје во 2014 година и е член на Адвокатската Комора на Република Северна Македонија.

Образование:
• 2011 година  Дипломиран правник - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Правен факултет “Јустинијан Први“ Скопје
• 2014 година Мастер на Граѓанско право - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Правен факултет “Јустинијан Први“ Скопје

Клучни области:
- Граѓанска парница
- Работни односи
- Стечајни постапки
- Конкуренција
- Заштита на лични податоци