Пон - Петок: 09:00 - 17:00

Ул. Димитрие Чуповски Бр. 4/1-14, Скопје, Центар

                        

Лазаров ќе соработува со Албер и Гајгер

Лазаров ќе соработува со Албер и Гајгер

Адвокатска канцеларија Лазаров потпиша договор за соработка со Албер и Гајгер, која е врвна правна фирма пред Европските судови, моќна куќа за политичко лобирање и водечка правна фирма за односи со Европски влади. Двете фирми се договорија да соработуваат за да овозможат нивните услуги да бидат достапни на ниво на ЕУ. Лазаров се здружија со компанијата со седиште во Брисел, и со канцеларии и во Лондон, Берлин и Вашингтон со цел да им овозможат на клиентите од Македонија услуги од врвна правна фирма во Европа со пристап до ЕУ институциите и влади. Албер и Гајгер ги препознаваат Лазаров како доверлив партнер со цел да ги понудат своите услуги за Македонија и земјите од Западен Балкан.